Мила Кунис и Ештон Качер со години соработувале на серијата „Среќни седумдесетти“, а откако актерот се развел од Деми Мур, се почесто е во друштво на убавата Мила. Биле видени на тајна вечера изминатиов викенд во Холивуд, а меѓу добро упатените извори се шушка дека нивното долгогодишно пријателство прераснало во нешто повеќе.
Папараците викендов ги фотографирале на заедничко возење со моторот на Ештон, и иако шпекулациите за нивната романса се се погласни, обајцата одбивале да дадат коментар.