Мила Кунис и Ештон Качер пред два месеца станаа родители на девојчето Вајт, а бидејќи не сакале да вработат дадилка, младиот пар нема премногу време за себе. Но, се чини дека сепак одлучиле неколку часа својата принцеза да ја остават во рацете на дадилките бидејќи папараците ги фотографирале на кошаркарски натпревар во Лос Анџелес.
Мила и Ештон прекрасно се забавувале цело време, а младиот татко не можел да го тргне погледот од бујните гради на својата избраничка. Паднале и неколку бакнежи, па е многу веројатно парот уште еднаш да размисли околу тоа да ангажира дадилка. Барем повремено.