Популарниот актерски пар Мила Кунис и Ештон Качер станале родители, пренесуваат електронските медиуми. Додаваат уште и дека Мила во вторникот родила девојче. Ова е прво дете на парот кој се запознал на сетот на популарната серија “Весели седумдесетти“.
Парот се верил на почетокот на оваа година. Качер пред врсата со Кунис бил во брак со Деми Мур додека Мила Кунис осум години била во врска со ѕвездата на серијалот „Сам дома“, Меколи Калкин.