Верениците Мила Кунис и Ештон Качер ќе добијат девојче. Иако ниту едниот ниту другиот официјално не потврдиле дека Мила е бремена, а камоли кој е полот на бебето, многу луѓе блиски до овој холивудски пар ги потврдиле овие наводи.

Ештон е воодушевен од полот на бебето, а Мила ужива во бременоста, велат нивните пријатели. Ова ќе биде прво дете за обајцата.