Извор близок на славниот пар пренел дека се пресреќни бидејќи чекаат близнаци. Мила Кунис и Ештон Качер се вериле во февруари, а сега наводно чекаат близнаци. Нивни пријател вели дека биле во шок кога лекарот тоа им го соопштил.
Меѓутоа, сега се воодушевени од идејата дека ќе добијат две деца. Пријател на холивудскиот пар вели дека се чувствуваат како да добиле на лотарија. Мила неодамна во едно интервју рекла дека побргу би била вљубена и би имала дева отколку да добие некоја прекрасна улога.