Една од најсексипилните жени во Холивуд, Мила Кунис, не само што го одржала своето ветување кое го дала на наредникот Скот Мур со тоа што му била придружничка на балот кој бил организиран од американската морнарица, туку и се погрижила да изгледа прекрасно. Американскиот војник кој бил во Авганистан, наредникот Скот Мур, преку Ју Тјуб претходно оваа година ја поканил актерката да му биде придружничка на балот.

Иако тогаш ветила дека ќе оди, малку кој верувал на нејзините зборови. Сепак, во прекрасен црн фустан, Мила се појавила на приемот право од аеродромот и се запознала со маринецот кој ја поканил на состанок на слепо. И Џастин Тимберлејк го одржал своето ветување и на гала приемот се појавил со женскиот наредник Де Сантис. Обајцата актери вечерта ја опишале како една од најдобрите забави кои ги имале.