Американската актерка Мила Кунис е заштитно лице за новата колекција на Кристијан Диор. Фотографиите ги снимил славниот Микаел Јансон за рекламната кампања за женска облека. Рекла дека приватно носела фармерки и маица и ретко носела женствени работи. Дури сега почнала да учи за модата.
Сепак, рекла дека убаво се чувствувала на црвениот тепих во сите убави фустани кои ги носела. Мила Кунис била номинирана за најдобра споредна улога во филмот „Црниот лебед“. Менаџерката на компанијата Диор, Делфин Арно, рекла дека сите во модната куќа биле воодушевени од Мила и дека нејзината убавина била неверојатна.