Актерката Мила Кунис и актерот Ештон Качер а=наскоро би можеле да запловат во брачните води, бидејќи актерот, по две години натегања, успеал и официјално да се разведе од актерката Деми Мур. Нешто пред свадбата на нејзиниот брат, која била одржана во саботата на Флорида, Мила била фотогарфирана со веренички прстен, а неодамнасе појавиле гласини дека е бремена.
Извор близок на парот изјавил дека би сакале да добијат дете и дека тоа им е далеку поважно од венчавка. На Мила и е многу важна традицијата, па ќе сака да ги одгледува децата во склад со јудеизмот и кабалата. Парот се запознал на снимањето на серијата „Весели седумдесетти“ кога Мила имала само 14 години, а во врска се од април минатата година.