Ѕвездата на холивудските филмови и славниот супермодел со украинско потекло Мила Јовович по втор пат стана мајка. Денес на свет донесе девојче, на кое со сопругот, режисерот Пол Андерсон, му дала име Дашиел. Убавицата која има 39 години и нејзиниот сопруг, со кој е во брак од 2009 година, веќе ја има 7-годишната ќерка Евер Габо.
Нејзиниот портпарол изјавил дека родителите се пресреќни и воодушевени од раѓањето на девојчето. Додал дека Мила моментално одмара и ужива во нежните моменти со девојчето. Актерката се породила после предвидениот термин, а пред крајот на бременоста се пожалила од својата килажа. Рекла дека ја достигнала горната граница која е препорачлива за бремените жени. Но, бројните филмски ангажмани кои ја чекаат уште ова лето сигурно ќе и помогнат во губењето на вишокот килограми.