Актерката Мила Јовович денес полни 40 години, а многу нејзини фанови се сложуваат дека е поубава од кога било претходно. Мила, чие полно име е Милица Богдановна Јовович, родена е во Киев, но кога имала 5 години со семејството се преселила во САД и изгради завидна филмска кариера.

 

Последниот во низата филмови во кои глумеше е продолжението на “Resident Evil”, а со снимање заврши токму минатата седмица. Мила фановите на Инстаграм често ги забавува со фотографии од снимањата. Во брак беше три пати, а од 2009 година среќно е омажена за режисерот Пол В. С. Андерсон. Мајка е на две девојчиња кои често на следат на снимањата. Иако сеуште снима, сосем е јасно дека тие се центар на нејзиниот свет.