Убавата актерка со украинско потекло, поранешна сопруга на францускиот режисер Лук Бесон, ќе се мажи по трет пат. Некогашната манекенка ќе се венча во својот дом во Лос Анџелес со Британскиот режисер Пол Андерсон.


Мила Јовович за прв пат се омажила во 1992 година, во Лас Вегас за американскиот актер Шоун Ендрјус, но бидејќи имала само 16 години нејзината мајка успеала да го поништи бракот. Од 1997 до 1999 година била мажена за Лук Бесон, авторот на Петтиот Елемент. Мила и Пол имаат ќерка родена во 2007 година.