Селекторот Бабунски за пријателскиот натпревар против Азербејџан повика 19 играчи. На списокот нема дел од стандардните првотимци (Новески, Наумоски, Деспотовски, Нурединовски, Грнчаров), додека повратници во составот се голманот Томе Пачовски, Влатко Гроздановски, потоа Агим Ибраими.  Нови имиња се Владмир Димитровски, Стефан Спироски, Самир Фазли и Александар Трајковски.


Голмани:
Томе Пачовски (Жерминал Бершот – Белгија), Мартин Богатинов (Карпати – Украина)

Одбрана:

Стефан Ристовски (Кротоне – Италија), Горан Попов (Динамо Киев – Украина), Владимир Димитровски (Млада Болеслав – Чешка), Ванче Шиков (Волин – Украина), Даниел Мојсов (Војводина – Србија), Александар Лазевски (Партизан – Србија)

Среден ред:

Мухамед Демири (Тун – Швајцарија), Стефан Спировски (Борац БЛ – Србија), Славчо Георгиевски (Нефчи – Азербејџан), Величе Шумуликоски (Новосибирск – Русија), Влатко Грозданоски (Вардар)

Напад:
Ферхан Хасани (Шкендија), Горан Пандев (Интер – Италија), Самир Фазли (Херенвен – Холандија), Иван Тричковски (АПОЕЛ – Кипар), Агим Ибраими (Марибор – Словенија), Александар Трајковски (Зулте Варегем – Белгија)

Ohridnews