Компанијата Микрософт во четвртокот ги објави своите планови за намалување на цената на оперативниот систем Windows Vista со цел да ги поттикнат корисниците за преминување на новата верзија на Windows, јавува Ројтерс.
Најголемиот производител на софтвер во светот, Микрософт, објави дека планира да ја намали малопродажната цена во 70 земји од светот во текот на оваа година во ист временски период кога ќе биде доставен сервис пак 1 и апгрејт за Виста.
Во САД Микрософт ќе ја намали цената за Windows Vista Ultimate од 399 на 319 долари, па за апгрејтот на верзијата наменета за оние кои веќе имаат Windows XP, Виста ќе чини 219 наместо 259 долари.
Windows Vista Home Premium апгрејтот за Windows XP ќе чини 129 долари наместо досегашните 159 долари.