Ретки микролубеници имаат еднаква кора и облик како вистинските, но се помали 20 пати. Ова природно диво овошје го открил еден холандски производител на храна во Јужна Америка и почнал да го одгледува во стаклени градини.


Иако изгледаат како мали лубеници вкусот им е сличен на краставици. Можат да се јадат како предјадење или како грицкалки. Поради интересниот изглед и помалку горкиот вкус одгледувачот се надева дека ќе станат хит по рестораните.