Фредерик пред 40 години платил 250 евра за микробранова печка. Бил меѓу првите британци кои ја купиле. Панасоник НЕ-691 микробрановата печка ја користел секој ден полни 40 години. Никогаш не се расипала и после 4 децении сеуште работи како и првиот ден.
– Не можам да поверувам дека толку долго издржа. Секој ден ја користам и никогаш не ме изневерила. Ниту еднаш не се расипа, освен што еднаш моравме да ја промениме светилката – вели Фредерик.
Кога ја купувал пред 40 години морал да го замоли продавачот да му објасни како “тоа нешто“ работи. Имало само неколку во понудата. Продавницата во која ја купил повеќе не постои, но затоа микробрановата и по 150 000 оброци работи совршено како и првиот ден. Првата микробранова печка е направена во САД во 1947 година и чинела дури 3700 евра.