Ситни и досега непознати, микробите во тлото имаат големо влијание врз глобалното затоплување. Но, научниците се уште не се сигурни во тоа дали тие се најмногу влијателни во затоплувањето. Тие тврдат дека една врста микроби кои биле пронајдени во Шведска со сигурност може да го зголемат глобалното затоплување. Откритието од Северна Европа би можело да им помогне на научниците да ги докажат симулациите на климатските промени според тоа како микробите влијаат врз гасовите како метанот. Претходно оваа година пронашле една врста микорби во Северна Шведска, во почва под вечен мраз која сепак започнала да се топи поради глобалното затоплување.

Научниците сметаат  дека микробите одиграле важна улога во глобалното затоплување и тоа на тој начин што влијаеле на ослободување на големи количини јаглерод, кој се наоѓа во смрзнатата земја близу Арктичкиот круг, а кој се претвара во метан. Станува збор за гас одговорен за задржување на топлината во Земјинана атмосфера. Микробите „Methanoflorens stordalenmirensis“ до ова откритие биле потполно непознати. Едно од главните прашања сега е колку јаглерод, кој се наоѓа во смрзнатата почва, се ослободува во атмосферата благодарение на активностите на микробите.