На Британката Лиза Турк и рекле дека нејзиното микро-прасе ќе нарасне максимално до 30 сантиметри висина, меѓутоа таа добила животно тешко 44 килограми. Микро прасето, кое може да се стави и во шолја за кафе го платила околу 1000 евра. Денес прасето е поголемо дури и од нејзиното куче.
Одгледувачката од која го купила рекла дека прасето ќе биде доволно мало за да живее во куќата, но откако пораснало Лиза морала да го префрли во дворот. Очигледно измамената Лиза не можела да ја контактира продавачката бидејќи таа го променила бројот.