Популарниот актер и поранешен боксер Мики Рурк толку се плаши од стареење, што се почесто посетува лекар за пластични операции, како би изгледал како во своите најдобри денови. Кога неговата кариера тргнала по надолна линија, тој се вратил на боскот, но после секоја повреда на лицето одел кај пластичен хирург кој морал „се да врати на своето место“. Рурк признал дека избрал погрешен хирург и се навлекол на операциите.

Тој досега имал пет операции на носот и една операција на јагодичната коска. Актерот рекол дека неколку пати од увото му земале р’скавица и ја ставале во неговиот нос. Додал дека тоа била болна операција, но и дека се навикнал. НЕспоредливо поголема болка му задавале хемороидите.