Со растргана кошула и цигара во устата Мики Рурк се забавувал пред ноќниот клуб Џелос во Лондон. Наишол на еден полицаец кој го замолил за заедничка фотографија. Холивудскиот актер веднаш прифатил, но се одлучил и малку да се пошегува со полицаецот. Најпрвин му ги испружил рацете напред, а потоа и назад за да му стави лисици. Притоа не престанал да се смее.
Полицаецот на почетокот го гледал чудно, но потоа и тој почнал да се смее. На крајот се ракувале. Мики претходно бил во ноќниот клуб каде бил опкружен со убави девојки. Во него останал до три часот утрото. Ниту една од девојките не ја повел со себе. Пред неколку дена бил фотографиран со девојка која била повисока од него за една глава.