Мики Рурк одлучил поради својата нова улога, во која ќе го претстави животот на рагби играчот Герет Томас, да ги извади предните заби, за што поверодостојно да го прикаже неговиот лик. Актерот во потполност одлучил да се соживее со изгледот и животот на велшанецот па заминал на часови за што подобро да го совлада неговиот акцент.
Менаџерот на актерот рекол дека Рурк сосема професионално ќе си ја одработи својата улога, нагласувајќи го фактот што одлучил да остане без своите два предни заби. Герет Томас е првиот рагби играч во историјата кој јавно признал дека е хомосексуалец.