Неколку дена откако студиото Дизни соопштило дека се откажува од рачно цртани анимации за големото платно, Мики Маус „воскреснал“. На каналот Дизни, како и на официјалниот сајт, од 28 јуни ќе започне со прикажување на 19 нови епизоди во кој гледачите повторно ќе го гледаат неверојатниот Мики Маус како се враќа кон своите корени.
Извршниот директор на компанијата Боб Игер рекол дека Мики Маус се враќа на некои невини и ѓаволести квалитети кои со текот на времето ги изгубил. Додал дека Мики ќе биде во чекор со времето, но не сакале да ја изгуби својата препознатливост. На крајот рекол дека во новите авантури ќе биде следен од својата сакана Мини Маус и веќе добро познатата дружина составена од Пајо Паторот, Шиљо и Плутон.