Најдобриот дански ракометар Микел Хансен остро реагираше и се закани дека нема да игра на претстојниот Мундијалот во Египет, поради најавата на Светската ракометна федерација (ИХФ) за публика на трибините. Според Хансен поентата ракометарите да бидат во балон, што значи да имаат ограничено движење (сала и хотел), без можност за посети и дружење, а, да има публика на трибините не е логична.
Не знам дали воопшто треба да се игра, но ако веќе се игра, тогаш никако не смее да има навивачи. Нема смисла ние да се затвораме, а кога ќе влеземе во салата да има публика на трибините. Во сериозни држави во Европа на коронавируст се пристапува со максимална сериозност, па неслучајно салите насекаде се празни. Овојпат ризикот за сите нас ќе биде огромен, затоа и добро ќе размислам дали воопшто да настапам на ова СП. – изјави Хансен.
Во случај Хансен да не игра, сигурно ќе загуби Данска но и самиот Мундијал кој ќе остане без една од најголемите ѕвезди. СП ќе се игра од 13 до 31 јануари.
OhridNews