Англискиот премиерлигаш Арсенал го реши прашањето околу менаџерската позиција назначувајќи го Шпанецот Микел Артета за нов тренер на екипата.
За Артета ова ќе биде кам бек на Емирати, откако пред три сезони фудбалската кариера ја заврши токму во Арсенал.
Шпанскиот стручњак е пред огромен предизвик, бидејќи прв пат ќе биде самостоен тренер на екипа и тоа не било која туку Арсенал. Артета тренерскиот занает го печеше во друштво на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити. Гвардиола има(ше) само пофални зборови за Артета, кои, ќе има задача да ги капитализира на дело на Емирати стадионот.
Викендов, на пресметката со Евертон фудбалери на Арсенал ќе ги предводи Фредерик Љунберг кој ја водеше екипата после отказот за Унаи Емери. Деби, Артета ќе има недела дена подоцна.
OhridNews