Пилотот на Хас, Мик Шумахер, не крие дека сонува да се приклучи на Ферари, како неговиот татко Михаел.

Пресреќен сум што сум во Хас. Ќе дебитирам во Формула 1 и сакам да го сторам тоа на најдобар начин. Тогаш ќе видиме каква иднина ме чека. Нема да одречам дека сонувам еден ден да возам за Ферари, како татко ми во минатото, изјави Мик во интервју за „Ла Стампа“.

Шумахер рече дека сериозно ја гледа својата иднина во Ф1 уште од пред неколку години.

Jас секогаш размислував за тоа и почнав да верувам по мојот успех во Формула 3. Отпрвин имаше проблеми во Формула 2, но минатата година победив. – рече Шумахер.

Мик исто така соопшти дека е во контакт со поранешниот тркач на Скудерија, Себастијан Фетел, чиј идол е Михаел Шумахер.

OhridNews