Мик Шумахер кој е син на најпопуларниот пилот во историјата на Формула 1, Михаел Шумахер би требало во текот на оваа сезона да седне во болид од Ф1 и да ги испроба силите.
Младиот Мик шанса ќе има на тест возењата кои ќе следуваат после трката за големата награда на Бахреин која ќе се одржи на 31 март.
19-годишниот пилот моментално е член на академијата на Ферари, а во текот на 2018 година се натпреваруваше во Формула 3 категорија и успеа да победи. Оваа сезона Мик ќе се натпреварува во Ф2, а од таму ќе чека прилика да биде повикан за тестирање во болидот од Алфа Ромео.
Во текот на сезоната Ф1 тимовите имаат четири дена за тестирање на болидите, а во нив мора да им дадат прилика на помладите и резервните пилоти. Од Алфа Ромео потврдија дека преговараат со Ферари за отстапување на Мик и негов ангажман во тест возењата.
OhridNews