Мик Џегер е една од ретките ѕвезди кои самите признале дека се навлечени на друштвените мрежи, а негова пасија бил Фејсбукот. Фронтменот на Ролинг Стоунс неодамна раскажал дека премногу време минува на интернет и дека фејсбукот му е омилена страст.
Додал дека за разлика од времето проведено на Фејсбук, многу малку се занимавал со музиката, а тоа почнало сериозно да му смета. Животот на компјутерот го заменил неговиот вистински живот. Додал дека на Фејсбук одеднаш стапувал во контакт со многу луѓе, а со некои од нив воопшто не требало да стапува во било каков контакт.