Пејачот на групата Ролингсоунс е снимен како на балконот на еден хотел во Цирих ужива во друштво на непозната бринета, поттикнувајќи така гласини дека има нова девојка, после трагичната смрт на неговата партнерка Лорен Скот во март. Џегер и непознатата девојка се забележани на балконот на хотелот во кој отседнал музичарот, очигледно уживајќи во меѓусебното друштво.
Обожавателите веднаш почнале да шпекулираат дека тоа е нова девојка на популарниот пејач, и дека ја преболел смртта на поранешната партнерка. Пејачот бил 13 години во врска со модната дизајнерка Лорен Скот која во март извршила самоубиство во нивниот апартман на Менхетн. Стоунси морале да ја прекинат својата австралиска турнејам а Џегер кој бил скршен изјавил дека минале многу прекрасни години заедно и дека створиле многу убав живот.