На 70 години фронтменот на Ролингстоунс стана прадедо. Имено, два мецеци по трагичното губење на животната партнерка, Џегер прославил еден среќен настан, го добил своето прво правнуче. Неговата внука, 21-годишната Асиси, ќерка на ќерката на Џегер Џејд, минатиов викенд родила девојче. Легендарниот рокер има седум деца со четири жени. Намладото има 14, а најстарото 42 години.
Со американската манекенка Џери Хол, Мик ги има синот Џејмс и ќерката Елизабет. Синот Лукас, кој е негово најмладо дете, го добил со бразилската манекенка Лусијана Хименес. Најстарата ќерка Карис е плод на аферата на Мик со манекенката Марша Хант, додека Џејд е ќерката која ја добил со својата прва сопруга Бјанка. Покрај Асиси, Миј има уште три внучиња.