Мик Џегер рекол дека како мал сакал да биде учител, политичар или новинар, и проценил дека можеби подучување деца би му донело погоглема сатисфакција. Фронтменот на Ролингстоунс рекол дека кариерата во музиката не му била доволно интелектно предизвикувачка, и дека можеби би бил позадоволен и поисполнет доколку работел како учител. Тој исто така рекол дека кога бил млад се занимавал со идејата да стане политичар или новинар. 


Наместо тоа станал еден од најуспешните рок музичари на светот. И покрај другите интересирања, Џегер рекол дека е многу задоволен како работите се развивале за него. Неговиот бенд обележал половина век од постоењето со серија концерто меѓу кои и нивното прво појавување на популарниот музички фесивал Гластонбери овој викенд и јулскиот концерт во Хајд Парк во Лондон.