Фронтменот на „Rolling Stones“ не сака да слушне за првата гитара на својот бенд, бидејќи Кит Ричардс во својата автобиографија сликовито ја опишал егоцентричноста на својот пријател Мик Џегер. Имено, Мик бл толку лут на Ричардс што не сакал да слушне да се појават заедно на прославата за 50 години од постоењето на бендот.


Бендот би требало да свири во лондонскиот клуб “Marquee”, каде го имале првиот настап, но навредениот Мик не го ставил Кит во плановите за настапот. Сеуште не заборавил дека Кит со читателите на автобиографијата ја поделил информацијата дека господинот Џегер има многу мал пенис. Останува да се види дали Мик ќе омекне и ќе му прости на својот колега како прославата на бендот би поминала во најдобар можен ред.