Легендата на групата „Ролинг Стоунс“, Мик Џегер, повторно ќе се најде на филм, пренеле странските медиуми. Џегер наводно ќе ја игра главната улога во филмот „Таблоид“, кој ќе го режира Џош Олсон.
Содржината на филмот ќе следи еден медиумски магнат, сличен на Руперт Мардок, која ќе го игра Џегер, додека останатите детали од филмот сеуште не се познати. Споре медиумите, пејачот сам дошол на идеја за овој проект, која ќе биде продуциран од неговата продуцентска куќа. Последниот филм го снимил во 2001 година.