Лиз Џегер, најстарата ќерка на Мик Џегер од врската со Џери Хол ќе се појави на насловната страна на британскиот „Плејбој“, кој ќе излезе во мај, што го изнервирало познатиот музичар. Откако едвај закрепнал од шокот кога неговата втора ќерка, деветнаесет годишната Џорџија, се соблече за една американска рекламна кампања, најновиот шок го доживеал кога ја дознал веста дека во наредниот број на Плејбој ќе се појави неговата друга ќерка.
Тој пред шест години и забранил на Лиз да се фотографира за истото списание бидејќи тогаш имала само 21 година, но сега нештата се промениле. Лиз рекла дека нема да зажали за тоа и додала дека отсекогаш сакала да позира гола. Рекла дека тоа сака да го стори пред да роди деца.