Мик Џегер на британската влада и предложил да направи социјален експеримент и да ја легализира марихуаната на островот “Isle od Man”. Неговата идеја е да се спроведе студија за да се провери дали легализацијата ќе го смали бројот на злосторства поврзани со дрогата.
Исто така сака со истражувањето да се види каков ефект легализацијата ќе постигне во општеството. Тој смета дека во човековата природа е да се конзумираат нелегални производи. Смета дека островот е идеален за тоа бидејќи таму секогаш се тестираат новите производи.