Фронтменот на Ролинг Стоунс Мик Џегер(72) ќе стане татко по осми пат, објави во петок портпаролот на бендот.
Тој ги потврди медиумските наводи дека девојката на Џегер, 29 годишната американска балерина Мелани Хамрик е бремена.
Џегер, кој на 26 јули ќе го прослави својот 73 роденден, има седум деца, а во 2014 година стана прадедо.
Членот на бендот Рони Вуд во мај повторно стана татко во 68 година од животот кога неговата сопруга Сали(38) роди близнаци.
OhridNews
извор: „Макфакс“