Легендарниот рокер, 71-годишниот Мик Џегер, има нова љубов, за која, додуша, се знаеше или бар се претпоставуваше. Фронтменот на Ролингстоунс беше фотографиран на терасата на швајцарски хотел во друштво на 43 години помладата Мелани Хемрик, балерина на американскиот балетски театар, само неколку седмици по смртта на неговата долгогодишна прартнерка Лорен Скот. Но, тогаш се зборуваше за минлив флерт, а сега, после интимна фотографија на парот, нема сомнение дека станува збор за сериозна врска.
Фотографијата која наликува на селфи, на која насмеаните Мик и Мелани делуваат среќно, направила круг по американските медиуми непосредно пред Божиќните празници. Мик ја запознал Мелани додека со бендот бил на турнеја во Јапонија, каде во тоа време настапувала нејзината балетска група. Младата балерина поради славниот рокер ја раскинала веридбата со тогашното момче, балетанот Хозе Мануел Карењо.