Со само девет кошаркари без Џарид Фрај  “езерџиите” ги започнаа подготовките за новата сезона.

Како што беше планирано, на стартот во Охрид ќе пристигнат и странските засилувања, кои неколку дена ќе бидат на тестирање на Лазовски.

Засега во “Билјанини извори” е договорено да дојдат Владимир Мијовиќ (2.07 см) и Божо Барач (2.09 см), кои доколку ги задоволат вкусовите на искусниот стратег ќе ги засилат охриѓани под обрачите.

Инаку, од понеделник се очекува во Охрид да се врати и Џарид Фрај, кој минатата година заврши на врвот на листата на стрелци во регуларниот дел од лигата.

М.П.