–  Немам некои посебни емоции, кон мојот порашен клубнатпреварот ќе биде како и секој друг – рече екс кошаркарот на „металците“ Игој Мијајловиќ за полуфиналната пресметка која го очекува со неговиот Кожув во Купот на Македонија.


МЗТ е изразит фаворит во овој натпревар, но тоа треба да биде мотив плус за кошаркарите на Кожув кои имаат одлична сезона.

– Нашиот реномиран противник треба да ни биде мотив повеќе, тие се изразити фаворити за освојување на Kупот, но ние нема што да изгубиме. Треба да стегнеме заби да издржиме во резултатски егал подолго време и само така можеме да се надеваме на солиден резултат – заврши Мијајловиќ.

Мх.П.