Михајло Михајловски привремено ќе раководи со Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

Михајловски доаѓа на место на Труфун Кoстовски кој пред неполн месец дена поднесе оставка на преседателската функција.

Михајловски ќе преседателствува со федерацијата до изборот на нов претседател што треба да се одржи во почетокот на следната година.

По разговорите меѓу членовите на УО и Костовски со луѓето од ЕХФ е донесена одлука да се заврши со организацијата на ЕП пред да се избира нов претседател.

Ohridnews