– Уште пред два месеци јас расчистив со себе дека нема да се кандидирам за уште еден мандат за прв човек на РФМ. Практиката беше до сега собранијата да се одржуваат по завршување на сезоната, но за доброто на ракометот во Македонија тоа ќе се одржи на 9 март. Управниот одбор ќе одбере нов претседател. Со новиот претседателот и Управниот одбор ќе го одберат новиот селектор, кој има време да се сретне со ракометарите пред важните натпревари кои ја очекуваат македонската селекција – порача Михајловски.
На управниот одбор, Претседалот Михајловски истакна дека му ја понудил селекторската палка на искусниот хрватски стратег Лино Червар.
– Му понудив на Червар да ја преземе селекцијата, но не добив никаков одговор. Понудата ја доставив и до директорот на Металург, Ристо Чокрев но и од него не добив конкретен одговор, тоа јас го сметам како тактизирање пред собранието на деветти март – заврши Михајловски.