Михајловиќ за српските медиуми по објавувањето на списокот изјави дека ќе биде задоволен само доколку во престојните два меча неговата репрезентација освои шест бода. Тој истакна дека мечевите со Белгија и Македонија ќе бидат многу потешки од дуелите со Велс и Шкотска.
„Натпреварот против Велс е моделот на игра според кој сакам да игра мојот тим – висок пресинг, топката да биде на земја, многу куси додавања. Пристапот кон играта беше извонреден и ќе бев задоволен дури и да загубевме на тој натпревар. Секако дека имаше и некои негативни работи и во овој период ќе работиме на нивна исправка“, рече Михајловиќ.
Репрезентацијата на Србија по два одиграни натпревари има четири бодови исто како и Хрватска и Белгија.