Претседателот на Интер, Масимо Морати ги потврди шпекулациите дека Синиша Михајловиќ е една од варијантите за клупата на италијанскиот првак и освојувач на Лигата на Шампиони, Интер.По изјавите на Мурињо, дека го напушта Интер за Реал Мадрид, од миланскиот клуб приморани се да бараат нов тренер на тимот.
–
Горд сум на Синиша, но сеуште немам донесено решение за тоа кој ќе биде предводник на тимот во наредната сезона, Михајловиќ е човек и тренер со голем карактер, тој е почитуван од играчите, многу од нив се и негови пријатели – истакна преседателот на клубот, Масимо Морати.
Михајловиќ во Интер ја заврши богатата фудбалска кариера,а во времето на Роберто Манчини беше негов прв аситетнт.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com