Кошаркарскиот клуб АВ Охрид го продолжи договорот со Слободан Михајловски, откако двете страни договорија едногодишна соработка.
Михајлоски, кој ја има капитенската улога во тимот во клубот е од самото оформување и е дел од сите успеси на екипата.
Искусниот кошаркар е вкупно петти кошаркар кој продолжува договорот од минатата сезона. Претходно нови договори парафираа Антонио Донески, Бранко Јанески, Стеван Глигоријевиќ и Петар Бојоски.
„Галебите“ ќе имаат обврска плус сезонава, откако ја прифатија понудата од АБА лигата да се натпреваруваат во новоформираната Втора лига.
OhridNews