Ристовски на јавноста и е познат како маратонец а негов е рекордот на “малиот “ маратон (26,08 мин). На Охридскиот маратон учествувал шест пати, а негов најдобар настап е четвртото место пред две години.
Неколкупати е прогласуван за најдобар пливач на Македонија , тој е државен првак на 200, 400 и на 1500 м слободно, а на последното летно државно првенство е прогласен за најдобар пливач по бодови, со освоени 3 први места.
Постојан учесник е на светските и на европските првенства. Последниот негов настап, на едно големо натпреварување е ЕП во Ајндховен (Холандија) на 200 и на 400 м слободно.
Михајло Ристовски со пливање се занимава од 10-годишна возраст. Почнува во ПК “Струга” под водство на проф. Драган Клечкаровски. Од категорија постари пионери, па се до денес константно е член на нашата селекција.
За можните резултатски очекувања на Олимпијадата во Пекинг не ветува ништо. Единственото нешто, како и останатите, ветува максимално залагањ и подобрување на своето најдобро време (1:57,77 мин.)