СДСМ веројатно ужива кога се случуваат несреќи и затоа се појавува во јавноста само кога се случуваат , за жал , лоши нешта, возвраќа претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов, на обвинувањата од политичкиот ривал изненсени на денеска одржаната прес конференција.

– Во СДСМ упорно и беспомошно сакаат да се изземат од се што се случува во Охрид, но не смеат да заборават дека токму СДСМ и нивниот Градоначалник го управуваат Охрид  и токму СДСМ и нивниот Градоначалник се одговорни  за се добро или лошо што се случува во Охрид. Но факт е дека од нив промовираната  политика на навреди и лаги  , промоцијата на  политичкиот инает како единствена вредност   , користење на недолични изрази на пресови и изјави , организирани хајки против неистомисленици и нивни критичари , самобендисаноста и некритичноста , неорганизираноста на градот  и создадениот хаос во секој аспект на неговото функционирање , создавањето урбана мафија, некоординираноста на институциите  , алчноста на поединци од локалната власт  , чудните самоинтереси на коалициони партнери на локалната власт  , паднатите со тоа  духовни вредности на градот , се причините зошто Охрид ,кој  го управува токму СДСМ , доживеа да биде срушен , да биде цел на потсмев и да биде паднат на колена. – вели Михаилов.

Тој укажува дека за разлика од безидејноста и бесперспективноста на СДСМ, ВМРО ДПМНЕ во Охрид само во последниов период инвестирала околу 20 милиони евра во низа на инфраструктурни , културни и туристички проекти

 – ОК на ВМРО ДПМНЕ повикува на одговорност на секој  фактор кој влијаел за случувањата во  Охрид  . И тоа е доблеста на ВМРО ДПМНЕ .  СДСМ само ги брани виновниците каде и да се . И ги амнестира. Но , не може да биде амнестирана  локалната самоуправа во Охрид  која ја води СДСМ и нивниот Градоначалник како фактички најодговорни ,затоа што токму тие веќе 6-та година всушност го спроведуваат падот на Охрид. -додава Михаилов.

OhridNews