Умерената клима на овој регион што ја дава  Охридското Езеро не остава можност за ширење на вируси или други епидемии. Според специјалистите од Заводот за здравствена заштита, годинава што е на истек  помина  без поголеми здравствени проблеми.

„Во 2008-ма имавме одлична акција за вакцинирање на населението против  сезонскиот грип и од податоците со кои располагаме произлегува дека во Охрид има малку заболени од грип“ вели директорот на заводот за здравствена заштита, доктор Атанаско Михаилов.

„Немаме никакви проблеми ниту со хепатит, бруцелоза и туберкуоза. Охрид во моментов е во рамките на некаков медицински просек, ако тој воопшто постои“, додава доктор Михаилов.

Заводот за здравствена заштита во програмата за работа за 2009 година има зацртано повеќе активности во насока на подобрување на здравјето на луѓето.Таму го чекаат и новиот закон за превентивна здравствена заштита, кој како што вели Атанаско Михаилов како дел од работната група што го подготвува, ќе биде синхронизиран со европското законодавство.

Ohridnews