– Каква одговорност , морал и чест има градоначалникот на Охрид кога во моменти кога како што и самиот вели на Охрид му се случува катастрофа заради временски неприлики, кога поради истата го повика и бугарскиот Премиер, кога направи толку голема паника кај граѓаните и ги убедуваше охриѓани и целата македонска јавност дека езерото почнало да тече по реките , дека ќе го поплави целиот Охрид и кога целата македонска Влада со службите им помага на граѓаните на Охрид, Петрески со својата дружина заминува на одмор две недели во топлата Австралија, рече Михаилов.
Тој запраша колку пари граѓаните на Охрид ќе ги чини оваа патување во Австралија и зошто со тие средства не се решаваат комунални проблеми на граѓаните како на пример, канализација во Велестово и Рача, канализацијата во Пештани, дупките по улиците низ градот, раскопаниот пат за Велгошти и други. Михаилов побара и одговор по кој критериум е составена делегацијата која ќе го претставува Охрид во Австралија.
-Граѓаните треба да знаат на каков начин се урнисува и деградира Охрид, истакна Михаилов, кој побара од Петрески да ја напуштите функцијата градоначалник на Охрид.