Кандидатот за градоначалник од редовите на Граѓанско Демократска Унија – ГДУ, Михаил Трендафилов-Нанче, се сретна со жители на урбаната населба Видобишта.
Граѓаните се пожалија на тоа што улиците „Прва македонска ударна бригада“, „Ристо Чадо“, „Андреј Јовановски“, „Марко Нестороски“ и „Марко Цепенков“ треба да се асфалтираат. Постарите жители побараа клупи и катчиња за одмор. – вели Михаил Трендафилов-Нанче.
Нанче вели дека проблемите не можат да се решат со магично стапче, но вети дека со
домаќинско и одговорно работење истите можат да се решат чекор по чекор.