Кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ГДУ, Михаил Трендафилов Нанче, преку јавно обраќање, денеска, се осврна на долговите на општина, кои, како што рече, се обвиткани со многу мистерија како се создале и зошто. Не e страшно да се задолжувате, затоа што сите се задолжуваат, а најголемите најмногу, но за нова технологија, за производство на знаење, за извоз, односно создаваат нова, повисока вредност, рече тој.

Германија се задолжува за да ни продаде скоро сѐ што користиме, комуникациите не можеме да ги замислиме без јапонски и корејски производи. А ние? Земаме кредити, за да враќаме кредити (катастрофа), за купување на социјален мир, пензионери, социјални случаеви, судии, пратеници и сѐ што е на државна цицка (буџет). Никој не прашува каде се парите што цел живот ги одвојував за пензија, за здравство… Кој ги „изеде“?! Е на тој бирократски апарат не му требаат промени. Па што треба да правиме? Да ги воспитуваме децата да се пресреќни ако се вработат во Општина за 3-400 евра, тоа е она за што ќе мечтаат средношколците, студентите… Тоа е амбиција? – праша Нанче.

Државата и партиите кај нас, продолжи Нанче, направија таква негативна селекција, таква просечност што го уништија општеството.

Прашање е дали од образованието остана О. Како општество прифативме најголеми непријатели да ни се надпросечните, да правиме одмазда према оние кои имаат храброст слободно да говорат или да се борат за правда, општество кое им се смее на луѓето кои се борат за права во фирма која е во стечај, да ни се смешни зошто плачат пред камера. Ние немаме чувства за нив. Подобро ни е да гледаме „reality show“, одгледувајќи ги децата со тие будалаштини, а животот пред нос да ни проаѓа. На крај ќе прашате. Што има ова со Охрид? Има , и те како има. Па ние сме слика-прилика на состојбата во целата држава. Затоа се потребни коренити промени, да го видоизмениме Охрид и нашиот град да стане пример за целата држава. Преродбата да отпочне од Охрид, без чекање, веднаш, сега и одма. – рече Нанче.

OhridNews