Михаил Горбачов својот 80 роденден го прославил опкружен со холивудски ѕвезди. Легендарниот последен претседател на СССР големата забава ја приредил во лондонскиот “Royal Albert Hall”, а целата забава имала хуманитарен карактер. Картите за настанот се продавале по цена од 195 па се до 100 илјади фунти, колку што се плаќала вип ложата. На роденденската забава се собрала светската елита.
Некои од славните ѕвезди биле Шерон Стоун, Мила Јовович, Арнолд Шварценегер, Кевин Спејси, Голди Хон, Пол Енка, Брајан Фери, поранешниот полски претседател Лех Веленсаи многу други. Славеникот на забавата стигнал во придружба на својата ќерка Ирина Вирганскаја и нејзиниот сопруг.