Седумкратниот светски првак, Михаел Шумахер во болидот на Ферари, ќе се врати во Ф1 циркусот како замена на несреќниот Маса, кој настрада на последното гран-при во Унгарија.

Германецот кој за последен пат настапи на бразилскиот Интерлагос на 22 септември 2006 година, се очекува да вози на 23 август за Големата награда на Европа во Валенсија.

По неколкудневна нега лекарите потврдија дека Маса заздравува одлично и ако ситуацијата продолжи да се одвива вака, за некој ден би можел да биде префрлен на рехабилитација во Париз, а потоа и дома.